Удинезе денеска и официјално го отвори својот комплекс за да овозможи инвидидуални тренинзи за своите фудбалери, по самоизолацијата што траеше речиси два месеци.
Меѓу првите кои се појавија на тренинг беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој во изјавите во изминатиот период не криеше дека со нетрпение го очекува враќањето на терените. Несто-гол беше максимално мотивиран и на денешниот тренинг, па „фриулијаните“ објавија слика од Македонецот со наслов „Првиот спринт на Несторовски“.
Италијанските клубови штотуку добија дозвола за индивидуални тренинзи, Владата се уште се нема изјаснето за продолжението на Калчо-лигата, кое би можело да се случи дури кон средината на месец јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА