ФОТО НА ДЕНОТ: Селфи за спомен од лекцијата за Исланд

Македонските ракометари вечерва одиграа одлично, пред полна сала носејќи им радост не само на присутните во „Борис Трајковски“, туку и на целокупната спортска јавност во државата. Ривалот против кого едвај ремизиравме пред неколку месеци во Мец, сега посилен за својот главен играч Палмарсон, овојпат капитулираше среде Скопје. Паднаа гостите пред атмосферата, но и пред нашиот нов селектор Раул Гонзалес, кој беспрекорно го подготви тимот (и тоа за само четири дена) за огромниот предизвик.

Ова селфи останува како спомен на ракометната лекција што на 4 мај 2017 година му беше одржана на исландскиот состав, со надеж дека слична радост ќе доживееме и в недела, на гостувањето против истиот противник во рамките од четвртото коло од квалификациите за ЕП.

Се вчитува...