ФОТО НА ДЕНОТ… Серафимов: Чест ми е да учам од најдобриот

Мартин Серафимов со години е најавуван како наследник на Кире Лазаров во националниот тим, па македонскиот селектор сега неслучајно му дава бројни совети токму на младиот десен бек на Металург, се со цел да му помогне што повеќе да напредува во кариерата.

И самиот Серафимов е свесен за значајноста на влијанието на Лазаров врз неговиот ракометен пат…

„Јас имав можност многу да научам од Кире Лазаров и во изминатите години, додека бевме заедно во репрезентацијата. Сега тој е и селектор, што секако е голем плус за мене и за сите млади играчи во националниот тим. Како играч што настапува на мојата позиција, за мене е чест што можам да учам од најдобриот десен бек во светот на ракометот“, истакнува Серафимов.

 

Се вчитува...