ФОТО НА ДЕНОТ: Шевченко и Пандев – една слика, два пехари во Лигата на шампионите

Горан Пандев во бројни ситуации го имаше Андриј Шевченко за ривал додека Украинецот ги тресеше мрежите во Калчо-лигата, последен пат се сретнаа на ЕВРО 2020 кога Шева беше селектор на својата земја, па сега кога младиот стратег е именуван за нов тренер на Џеновајасно е зошто му е потребна поддршката на македонскиот ветеран.

Џенова на официјалниот твитер-профил објави фотографија од Шевченко и Пандев со назив: Една фотографија, два пехари во Лигата на шампионите, на најдобар можен начин опишувајќи ја големината на двајцата фудбалски великани.

Шевченко има проблеми со бројни отсуства во пресрет на неделниот дуел со Рома, поради што е најавено дека Пандев од првата минута ќе го стартува овој натпревар.

Се вчитува...