ФОТО НА ДЕНОТ: Сите сте за Вардар, само не признавате

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Ракометарите на Вардар беа дел од денешното загревање за Ф4 турнирот, во зоната околу салата „Ланксес арена“ во Келн. „Црвено-црните“ како дел од „протоколот“ фрлија по една топка кон многубројните фанови, од кои најголем дел се навивачи на Веспрем, а потоа на инсистирање на капитенот Стоилов следеше и „селфи“, со бројните навивачи во позадина.

Сите сте за Вардар само не признавате“, се пошегуваа дел од навивачите на „црвено-црните“ кои се најдоа како дел од овој спектакл, иако малубројни, но сепак многу гласни кога нивните миленици се појавија на бината.

Се вчитува...