ФОТО НА ДЕНОТ: Спировски доби специјални честитки за стапувањето во брак…

Веќе подолго време за убавите лични моменти, македонските репрезентативци или членови на стручен штаб добиваат специјални честитки за време на репрезентативните собири.

Така беше и денеска на првиот тренинг од октомврискиот собир. Стефан Спировски вчера „стапна на лудиот камен“ стапувајќи во брак со својата долгогодишна љубов Тамара… Па, за тоа секако доби ‘специјални’ честитки од соиграчите на тренингот.

rep.na makedonija-trenig-02.10 (30)

spirovski registracija

Слични честитки добија и Аријан Адеми за неговото враќање во репрезентацијата по две години пауза, како и помошникот на Ангеловски, Милан Илиевски кој викендов доби принова во семејството.

rep.na makedonija-trenig-02.10 (33)

Се вчитува...