Фото на денот: Станковиќ со синовите на Синиша Михајловиќ

Емотивно беше вечерва на стадионот во Џенова, на првиот домашен меч на Сампдорија по смртта на Синиша Михајловиќ и на Џанлука Вијали, две клупски легенди на овој калчолигаш.

Пред мечот, при минутата молк на теренот крај домашниот тренер Дејан Станковиќ се симнаа тројцата синови на Михајловиќ, држејќи во рацете дрес со број 11 каков што носеше нивниот татко.

Кај логото на дресот беше испечатено „Лука и Синиша“, во чест на починатите Вијали и Михајловиќ.

Се вчитува...