Струга ТЛ денеска славеше убедливо со 3-1 против Воска спорт во 25. коло од ПМФЛ со што повторно се зацврсти на врвот од табелата со три бода предност во однос на второпласираниот Шкупи.
Триумфот стружани го посветија на својот повреден соиграчи Бесмир Бојку кого го чека долга пауза до крајот на годината по тешката повреда од пред две недели.
„Оваа победа е за тебе Бесмир Бојку“ – порачаа фудбалерите на Струга ТЛ, заедно со фотографијата и дресот на Бојку како знак на поддршка за својот соиграч.
Бесмир Бојку пред само десет дена беше успешно опериран во болницата „8 Септември“ во Скопје, после тешката повреда на дуелот со Работнички. Се очекува да паузира од 6 до 9 месеци, што значи дека ќе го пропушти остатокот на оваа сезона, и почетокот на идната.
Бојку веднаш беше пренесен во болница после тешката повреда во 85. минута, откако му беше дијагностицирана скршеница. Ако се оди по планот, Бојку би требало да се врати некаде кон крајот на оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА