ФОТО НА ДЕНОТ: Требаше да биде фешта, но фан зоната остана празна

Битолчани најавуваа фешта за прослава на шампионската титула која требаше да биде освоена по пауза од 17 години, но огромно е разочарувањето меѓу управата, ракометарите и навивачите на Еурофарм Пелистер што беше пропуштена огромна шанса да се прекине доминацијата на Вардар.

Фан зоната каде што навивачите се собираа пред дуелот требаше да биде и место на централна прослава на титулата, но фотографијата од триесетина минути по мечот, во мракот пред „Домот на Офицери“ најдобро ја отсликува тагата кај битолчани по вечерашниот пораз.

Се вчитува...