Фото на денот: „Ученикот“ Кире го надмудри „учителот“ Чави

Кире Лазаров доби уште една тактичка битка против тренерски великан, а денешниот триумф над Романија е уште посладок за македонскиот селектор ако се знае дека за ривал го имаше Чави Пасквал, легендарниот шпански стратег за кого Лазаров играше додека го носеше дресот на Барселона.

„Ученикот“ Кире дефинитивно добро го научил занаетот од „учителот“ Чави, па целосно ја доби тактичката битка со романскиот кормилар. Македонија водеше од почеток до крај, па иако гостинскиот селектор на моменти наоѓаше одговор за македонските налети, на крајот сепак пресуди желбата и мотивацијата на нашите асови, кои бодрени од фанатичната публика стигнаа до одлични „плус осум“.

Лазаров добро го познава Пасквал, па на прес-конференцијата јасно стави до знаење дека ривалот нема без борба да се предаде во Букурешт, испраќајќи порака до своите играчи дека без оглед на денешниот убедлив триумф дека никако не смее да дојде до опуштање на реваншот.

Се вчитува...