Македонските претставници на Специјалната Олимпијада, Марио Мицевски и Стефан Трпкоски, имаа фантастичен старт на Светските Игри откако на самиот почеток од ова масовно натпреварување стигнаа до златни одличја.
Стефан Трпковски исплива 50 метри за 1,12 минути и беше најбрз, а потоа Марио Мицковски стигна исто така до злато на 50 метри слободно со препливана делница под една минута – 53 секунди.
Овие златни медали нека бидат мотив за уште подобри резултати во иднина, на Мицевски и Трпкоски, како и на сите останати членови на македонката експедиција на оваа Специјална Олимпијада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА