Фото на денот: Златниот Нуров и македонската радост во Алжир

Могамедгаджи Нуров успеа во големата желба – да го одбрани златото од пред четири години во Тарагона и да донесе уште едно најсјајно одличје за македонскиот спорт од Медитеранските Игри.

Денешното финале со Актурк беше супердраматично, но Нуров блесна во клучните моменти и донесе огромна радост меѓу македонските спортисти и претставници на делегацијата, кои беа присутни во арената.

Оправдано, радоста беше огромна, а големиот успех беше овековечен со оваа фотографија, во спомен на првото македонско злато во Оран, Алжир.

Се вчитува...