ФОТО: Навивачи на Лидс и во Израел го „уловија“ Алиоски!

Езгијан Алиоски не остана незабележан и на гостувањето во Израел од страна на навивачите на новиот свој клуб, англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед.

Алиоски пред вчерашниот официјален тренинг на македонската репрезентација во Хаифа беше „уловен“ од неколку Израелци, силни навивачи на Лидс кои посакаа фотографија и автограм од македонскиот репрезентативец.

Езгијан Алиоски одлично ја почна сезоната на Островот, во континуитет незаменлив во почетниот состав на Лидс, а сето тоа крунисувајќи го и со погодок непосредно пред доаѓањето на репрезентативниот собир. Вечерва без сомнение ќе се најде од првата минути на дуелот и против Израел, посакувајќи со погодок да го заокружи и гостувањето во Хаифа…

Се вчитува...