ФОТО: Навивачите на Марсеј подготвуваат специјален дочек за Меси на „Велодром“

Вечерва во Франција на програмата е дербито меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ.

Натпреварите на овие два тима предизвикуваат големо внимание, но за жал, често се проследени и со инциденти и големи тензии поради непријателските односи на навивачите.

Навивачите на Марсеј со нетрпение го дочекуваат доаѓањето на Лео Меси и му приредиле пријатно изненадување. Тие направиел голем број лажни пари со ликот на Меси, односно фотографија на која плачеше кога заминуваше од Барселона.

„Ова е за Меси, се надеваме ќе му се допадне“, порачаа навивачите.

Се вчитува...