ФОТО: Не ја утнал маската, само не му се гледа Арсенал

Маската треба да служи за заштита од коронавирус, но овој навивач на Арсенал ја искористи за сосема поинаква улога – да не ја гледа мизеријата на своите миленици.

„Топчиите“ загубија на домашен терен и од Барнли, што беше четврти неуспех во низа за избраниците на Артета на „Емирати“, но прв откако беше дозволено враќање на навивачи на стадионите ширум Англија. Овој навивач очигледно не може да се помири со очајната форма на Арсенал, па во финишот реши маската да ја стави преку очите, камерите го забележаа за време на ТВ-преносот, а веднаш потоа се појавија и сеирџиите на оваа тема.

„Кога ќе чекаш десет месеци за конечно да гледаш фудбал во живо на стадион, но си навивач на Арсенал“, гласеше описот на фотографијата објавена на твитер.

Се вчитува...