Активностите на „Обединетите за фудбалот“ од поодамна се сведени на нула… Последно кога се појавија во јавноста, еден од иницијаторите Драган Томовски соопшти дека не знае каде е главната алка околу која ротираат, Дарко Панчев…, а Ѓоко Хаџиевски замина во ОАЕ. Потоа Панчев се појави во Вардар…, а сега и Драган Томовски се појави во ‘директорската вардарова ложа’ на „Филип Втори“ веднаш до актуелниот извршен директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасески. Се обединуваат ли сега „обединитетите“ кон Вардар!?
Поранешниот директор на ФК Вардар, Томовски, во времето кога Спасески пак беше капитен на тимот, сега беше до актуелниот директор Симев… До нив, барем денеска, ги немаше спортскиот директор Дарко Панчев и техничкиот директор Илија Најдоски. А, на натпреварот со Шкупи сигурно можеа да се забележат и директорот за маркетинг, директорот за логистика и директорот за односи со јавност…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА