ФОТО: Полека, има пенали за сите – Нестор го моли Барди тој да шутира од 11 метри

Интересна ситуација пред вториот пенал за македонската репрезентација кој во 37. минута успешно го реализираше Илија Несторовски за водство од 2-0 против Ерменија на стартот од Лигата на нации.

Ударот од белата точка сакаше да го изведе Енис Барди, но Несторовски го молеше, сепак, тој да го шутира пеналот. На крај, Барди попушти а „Нестор-гол“ беше прецизен.

И првиот погодок за Македонија беше од пенал, кој во 5. минута успешно го реализираше Езгијан Алиоски. А, ако се погледне наивноста со која ерменските дефанзивци настапуваат со стартовите против македонските офанзивци, тогаш не треба да има турканица околу белата точка… Ќе има пенали за сите… Тука е Елиф Елмас да изнуди…

Се вчитува...