ФОТО: Познат е победничкиот тим – Колку од нив Мрме ќе искористи за стартниот состав против Косово!?

Во рамките на подготовките за клучниот натпревар на патот кон ЕП 2021 против Косово, македонските репрезентативци добија од селекторот Игор Ангеловски и можност за меѓусебен „мини-натпревар“, чисто како контрола на актуелната форма пред утрешната пресметка на „Тодор Проески“.

А, на крајот, неизбежно победничкиот тим се пофали со триумфална фотографија на социјалните медиуми… „Ловориките“ за Шишко, Кире, Висар, Џани, Ферхан, Крсте, Енис, Стефан, Алекс, Тричко и Нестор… Секако, останува прашање, колку Ангеловски ќе искористи и од овие победници за стартниот состав против Косово!?

Се вчитува...