ФОТО: Промоција на Трајковски во Ал Фајха

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално потпиша со Ал Фајха. Тој денеска беше промовиран во нов играч на тимот од Саудиска Арабија, за кој потпиша на 1,5 година.

Тој во клубот доаѓа како слободен агент, откако го раскина договорот со шпанскиот тим.

Ова е прв предизвик на Трајковски надвор од Европа. До сега играше за Цементарница, потоа за Интер Запрешиќ, па во Зулте Варегем и Мехелен, Палермо, Мајорка па во последните шест месеци во Алборг како позајмен. Стандарден репрезентативец на Македонија во последните 10 години, со 73 настапи и 19 голови за националниот тим.

Се вчитува...