ФОТО: Ракометарите слетаа во Чешка

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва слета во чешкиот град Острава, од каде ќе го продолжи патот кон Злин, каде што утре ќе се сретне со селекцијата на Чешка во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство.

Натпреварот со Чешка се игра утре во 20:15 часот, а се очекува Лазаров и момците утре претпладне да одржат полесен тренинг, за да го почувствуваат паркетот во салата во Злин.

Тоа ќе биде прв натпревар, а реваншот е престојниот викенд во Скопје. Победникот од двомечот оди на Светското првенство кое ќе се игра следната година во Полска и во Шведска.

Македонија веќе одигра два бараж натпревари со Романија, во кои беше севкупен победник и се пласираше во следната фаза.

 

Се вчитува...