ФОТО: Раул Гонзалез и Парондо повторно заедно

Поранешните тренери на актуелниот европски шампион Вардар, Раул Гонзалез и Роберто Гарсија Парондо заедно ги следат настапите на шпанската репрезентација на Светското првенство за играчи до 21 година. Во новата сезона Раул ќе се обиде со ПСЖ да стигне до титулата во Лигата на шампионите, додека Парондо ќе се посвети на работата во репрезентацијата на Египет.

„Луксуз во Виго. Ни повеќе ни помалку двајца тренери освојувачи на Лигата на шампионите, заедно во ложата“, беше напишано на официјалниот твитер профил на Ракометната федерација на Шпанија.

 

Се вчитува...