ФОТО: Сѐ почна од тука: Барди ја покажа соблекувалната од која ги направил првите фудбалски чекори

Енис Барди во моментов игра за Леванте во Ла Лига, и се надмудрува со големите ѕвезди од Реал, Барселона, Атлетико. Македонскиот репрезентативец имаше кариера во фудбалската школа Шкупи, а потоа во Ујпешт, од каде замина во Леванте.

На социјалните мрежи се појави фотографија од соблекувалната во која Барди ги почнал своите први фудбалски чекори. Се гледа дека условите биле далеку од идеални, со оглед дека станува збор за контејнер со дрвени клупи со сите реквизити во него. Меѓутоа кога желбата да се успее е поголема од се, тогаш условите на почетоците се најмалку важни. Тоа е соблекувалната на тогашната фудбалска школа Шкупи, каде што играше Барди.

Од школата на Шкупи замина кратко во Данска, а потоа и во Ујпешт во 2014 година. После три години минати во Унгарија потпиша за Леванте.

Се очекува на лето да го напушти клубот и да се пресели во подобар тим од Ла Лига. Во моментов за него се интересираат Бетис, Селта и Реал Сосиедад.

Се вчитува...