ФОТО: Шкупи и Тиквеш со убав гест – Натпревар за Андреј Лазаров, во негова чест!

Фудбалерите на Шкупи и Тиквеш денеска на „Чаир“ приредија навистина убав гест одбележувајќи го дуелот од 32. коло во ПМФЛ во чест на својот заеднички поранешен фудбалер, Андреј Лазаров кој несреќно, спасувајќи млади лица, го загуби животот во ужасната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Лазаров актуелнава сезона беше фудбалер на Шкупи, а претходно во минатото настапуваше и за Тиквеш. Па, токму меѓусебниот дуел, прв меѓу овие две екипи по трагедијата во Кочани, двата тима го искористија уште еднаш да се потсетат на трагично загинатиот млад фудбалер.

Фудбалерите на Шкупи на терен истрчаа со маички со ликот на Лазаров, па и преку заедничка фотографија со кавадарчани уште еднаш оддадоа почит за Андреј.

Се вчитува...