ФОТО: „Шверцери“ навиваа од надвор – недозволен влез на „Железарница“

Навивачите на Шкупи, „Шверцерите“ од околните ридови на стадионот „Железарница“ во Автокоманда дадоа поддршка за своите миленици на денешните натпревар од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига против Скопје.

„Шверцерите“ пристигнаа во Автокоманда, но согласно претходното известување од страна на домашните дека поради пандемијата и актуелната фактичка состојба на стадионот со една трибина дека нема да дозволат влез за гостински навивачи на натпреварот, не им беше дозволен влез на стадионот.

Па на крај навивачите на Шкупи од страна го проследија дуелот во Автокоманда.

Се вчитува...