ФОТО: Силна поддршка за Вардар од „Комити“ во Струмица

Вардар ќе има огромна поддршка од своите најверни навивачи „Комитите“ на бараж-дуелот против Детонит Плачковица за опстанок во Првата македонска фудбалска лига на денешниот натпревар кој од 17 часот почнува на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Силна е вербата меѓу сите вардарови навивачи дека тимот ќе остане во елитата, иста како што е и вербата на лидерот во раководството на клубот, Милорад Миленковски, дека Вардар ако остане во Првата лига од следната сезона конечно ќе се врати на посакуваните патеки.

„Подвиг беше враќањето меѓу прволигашите, но уште поголем подвиг е таму да те задржиме. А за да успееме останаа само 90 минути, само еден натпревар… Цела борба, цел труд, сите откажувања, поминати стресови, неизбежни нервози, маки и страданија…успехот зависи само од тоа што ќе направиме денес… Историјата ќе памети што се поминавме за да дојдеме до тука, само доколку денес собереме сили и во името на се досега, ја надминеме последната пречка… Следуваат поубави времиња за Вардар, ако, и само ако, денес оствариме победа. Победа за секој од вас на теренот, да покажете дека можете и кога сте под страшен притисок…“ – порача Миленковски пред денешниот бараж-натпревар со Детонит Плачковица.

Се вчитува...