Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски со уште една одлична партија за Динамо Загреб. Овој пат во големата победа од 4-1 во мега-дербито на Хрватска против сплитски Хајдук.
Ристовски, согласно оценките за натпреварот, е еден од најдоброоценетите фудбалери во победничкиот состав одигрувајќи го целиот натпревар на највисоко ниво.
На крајот, секогаш добро расположениот за шега Ристовски, се одлучи да биде и фоторепортерот кој ќе ја овековечи екипата на Динамо Загреб заедно со „БББ“ по големиот триумф над Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА