ФОТО: Уште не е одлучено дали ќе се игра во Битола, еве каква е ситуацијата со теренот

На 30 минути пред почетокот на натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Вардар во рамките од 1/4 финалето од Купот, и натаму нема официјална одлука дали ќе се игра мечот.

Вчера во Битола наврна многу снег, а тој и натаму е присутен на теренот. Во моментов траат консултациите на делегатот со судиите и со актерите на натпревароте.

Покрај снегот, проблематично е тоа што теренот е под вода. Останува да се види што ќе одлучат официјалните лица.

Се вчитува...