ФОТО: Вештачката интелигенција ги прогнозира победниците во ЛШ во следните 80 години, нема македонски тим

Вештачка интелигенција прогнозира кои ќе ги освои трофеите во Лигата на шампионите во следните 80 години, односно до 2103 година. На листата (не)очекувано нема македонски екипи, но има неколку интересни тимови, кои во моментов не можат ниту да сонуваат да дојдат до пехарот во ова натпреварување.

Така на пример вештачката интелигенција смета дека пехарот оваа година ќе го подигне Барселона, додека следната тоа ќе биде Манчестер Јунајтед, па Баерн Минхен, Ливерпул, и повторно доминација на Сити во 2028 и 2029 година.

Интерсно е тоа што во 2049 година, Нотингем Форест ќе биде меѓу освојувачите, а во 2056 година Малме. Унгарски Ференцварош ќе биде во 2057 година, а година подоцна Лестер. Исто така интересен е податокот дека оваа прогноза верува дека Шериф Тираспол од Молдавија ќе го освои пехарот во 2086 година, а на листата се и Зенит 2089, Бешикташ 2090, Галатасарај 2091. Динамо Загреб ќе се изначека за трофејот, односно ќе го освои во 2102 година.

Се вчитува...