Ниту поразот од Силекс не го расипа шампионското славје на Шкендија. Тимот од Тетово денеска го прими пехарот за најдобра екипа во сезоната 2024/25. Шкендија уште минатото коло го обезбеди шампионскиот пехар, петти во својата историја.
Денеска по мечот со Силекс, првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ му го предаде на капитенот на екипата, Бесарт Ибраими, кој третпат по ред ја освојува титулата (претходните два пати со Струга ТЛ).
Следуваше големо славје на фудбалерите, а потоа и заедно со навивачите, кои се вратија на трибините откако ФФМ ја укина забраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА