ФОТО+ВИДЕО: Срцепарателна сцена на „Петар Милошевски“ – играч на Шкупи тешко ја поднесе катастрофата

Екипата на Шкупи претрпе уште еден убедлив пораз во Првата македонска фудбалска лига. Не можеше и ништо друго да се очекува во дуелот против лидерот на табелата Вардар, кој денеска на „Петар Милошевски“ славеше убедлив триумф со 6-1.

Ситуацијата во Шкупи е катастрофална. Тимот има само еден бод, тешко дека ќе успее да избори опстанок, а за тоа што се случува во поранешниот шампион, доволно говори и сцената при шестиот гол на Вардар.

Откако Омерагиќ ги постави конечните 6-1, камерата на националниот сервис го покажа младиот 21-годишен Ардит Дестани како „потона“ во плач. Едноставно, тешко се поднесува оваа катастрофа на чаирчани која им се случува.

Се вчитува...