ФОТО: Враќање во реалноста – Вардар едвај 200 души го испратија кон Истанбул!

Најтрофејниот македонски клуб се наоѓа пред еден од најголемите моменти во својата историја – можност за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. „Црвено-црните“ во четврток во Истанбул ги очекува историскиот натпревар со Фенербахче кој може да отвори ново поглавје за македонскиот клупски фудбал.

„Вардарци“ пред само три дена на „Телеком арената“ стигнаа до извонредни 2-0 против Турците, денеска повторно појавувајќи се пред домашната публика на, еден вид, испраќањето за Турција.

Но, на стадионот во Ѓорче Петров, за жал, за „вардарци“ повторно беше враќање во реалноста… На трибините едвај вкупно 200 навивачи кои ја проследија победата над Победа, и се одлучи да им дадат на своите фудбалери последна поддршка пред заминувањето за Истанбул. Толку, околу разликата меѓу оние кои постојано се со играчите и тимот, и оние за кои привлечни се само европските успеси…

Се вчитува...