Фото за Европа: „Романтичен“ крај на шампионатот за Работнички

Работнички е повторно во Европа. И покрај бодовното заостанување што го имаа речиси од стартот на првенството, „романтичарите“ предводени од третиот стратег оваа сезона, искусниот Ѓоре Јовановски, смогнаа сили да стигнат на крајот до третата позиција на табелата која носи излез на европска сцена, односно настап во квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички на крајот заврши на третото место со 52 бода, еден повеќе од третопласираниот Шкупи и два повеќе од петтопласираниот Силекс.

Се вчитува...