ФОТОГАЛЕРИЈА: Академија Пандев е „нескршлива“ во Струмица!

Фудбалерите на Академија Пандев ја запишаа и втората победа во Првата македонска фудбалска лига, и вторпат славејќи во својата Струмица.

Овој пат, „жртва“ на „пандевци“ беше тимот на Ренова против кого струмичани славеа со 1-0, благодарение на голот од пенал на Зоран Балдовалиев, а откако претходно Велија играше со рака во својот шеснаесетник.

Уште еднаш Академија Пандев потврди дека сезонава и тоа како ќе игра сериозна улога на домашната прволигашка сцена… Посебно и на домашен терен каде „академците“ очигледно веќе најавуваат дека ќе бидат повеќе од тврд орев буквално за секој противник…

[new_royalslider id=”763″]

Се вчитува...