ФОТОГАЛЕРИЈА: Фантастично прво и лошо второ полувреме за Работнички против Подгорица

Работнички успеа да ја запише историската прва  победа во АБА2 лигата откако славеше над Подгорица со 70-76 во натпревар со две различни полувремиња. Македонскиот состав блескаше во првите 20 минути во кои постигнуваше тројки од секоја позиција на теренот, но покажа и бледо лице во продолжението.

Дефинитивно, има време за напредок и отстранување на големите осцилации во играта, но се очекува „центарци“ да бидат се подобри и подобри како што ќе одминува сезонава.

Се вчитува...