Фотогалерија: КК Работнички, за два месеци од „дрим-тим за титула“ до ривал за потсмев

Работнички тргна амбициозно летово, со најава дека по расчистувањето на натрупаните долгови „центарци“ конечно се подготвени да го предизвикаат МЗТ Скопје и да ја нападнат шампионската титула.

Два мееци подоцна, „дрим-тимот за титула“ е ривал за потсмев што противниците без многу мака го победуваат, и тоа на домашен терен. Пред неколку седмици Еуро Никел, вечерва и Феникс, секоја чест на овие два тима за прикажаните игри и заслужените победи, но за ваквите исходи сепак клучни се катастрофалните партии на Работнички.

Самарџиев беше доведен за да го разбуди тимот по заминувањето на Мираковски, не само што тоа не се случува, туку Работнички делува се послабо како што одминува времето. Навивачите со право се незадоволни и јасно е дека нешто мора што поскоро да се смени, затоа што на Работнички не му се пишува ништо добро ако се продолжи во ваков ритам…

Се вчитува...