Фотогалерија: Македонија не треба да стравува за ракометната иднина

Сениорската репрезентација на Македонија се подготвува утре да полета за Германија за настап на ЕП, но кадетите покажаа дека не треба да стравуваме за ракометната иднина. Впрочем, ова е прв пат по една деценија, Македонија да биде дел од европските ракометни шампионати и во сениорска и во младинска и во кадетска конкуренција.

Квалификациите во Скопје беа завршени успешно, откако со две победи и еден пораз се изборивме за второто место во групата кое значи и пласман на уште едно големо натпреварување во кадетска репрезентација – Европското првенство што летово ќе се одржи во Црна Гора.

Косово беше само лесен ривал против кого беа докажана големата разлика во квалитет, нашите млади играчи одиграа беспрекорно и заслужено славеа со убедливи „плус девет“, за место меѓу најдобрите европски селекции во оваа возрасна група.

Се вчитува...