ФОТОГАЛЕРИЈА: Малку „старите“, малку „младите“, Финска „спакувана“ според планот

Македонската ракометна репрезентација триумфално ги почна новите квалификации за ЕП 2022, рутински славејќи во пресметката против Финска. Фактот дека за прв ривал го имавме аутсајдерот во групата беше добредојден за стручниот штаб, па селекторот Брестовац им даде шанса на сите ракометари да покажат што знаат и умеат.

Го видовме она што беше добро познато, дека тандемот Лазаров – Стоилов функционира беспрекорно, дека Талески и Кузмановски се иднината, но мора да играат уште подобро за да го заслужат идниот епитет на лидери, дека Маџовски прераснува во одлична опција на лево крило кога Манасков не е во форма.

Од оние кои влегоа во второто полувреме, Пешевски беше стандардно добар, а Дарко Георгиевски со три гола од три обиди покажа дека може да биде солидна опција за одредена минутажа на бековската позиција.

Севкупно гледано, добар старт на новите квалификации, но јасно е дека вистинските предизвици допрва ќе следат, почнувајќи од гостувањето во Швајцарија на 7 ноември.

Се вчитува...