Фотогалерија: Наместо дерби, хаос во Чаир – мечот со МЗТ не се доигра

Нова црна дамка е оставена на македонската кошаркарска сцена откако натпреварот меѓу Чаир и МЗТ Скопје не се доигра откако гостите одбија да се вратат на теренот, жалејќи се дека биле нападнати.

ЕКИПА дознава дека инцидентот се случил пред соблекувалната на „металците“ во моментите кога по крајот на првото полувреме се упатувале на собир и одмор пред вториот дел од мечот. Неофицијални лица биле присутни точно пред соблекувалната, по што дошло до судир при што најлошо минал член на стручниот штаб на аеродромци.

Домаќините заедно со судиите и делегатот се обидоа да ги убедат аеродромци да продолжат, но шампионите останаа цврсти на ставот, воопшто не се вратија на теренот, па по минувањето на утврдениот термин според пропозициите мечот беше прогласен за прекинат.

Се вчитува...