ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација стигна до второто реми на четвртиот натпревар на СП 2025, по рововска битка играјќи 29-29 против Австрија.
„Црвено-жолтите“ покажуваат значителен напредок во однос на претходните големи натпреварувања, а нивното разочарување што наместо овие нерешени средби не редат победи е јасен знак за психолошкиот раст на нашиот национален тим, кој допрва ќе добива и победнички дух и ќе носи радости на спортската јавност во татковината.
Она што е најважно, овие момци не знаат за зборот „капитулација“, не се предаваат буквално до последната секунда. Најважната спортска лекција е научена, а резултатите од она што го (из)гради селекторот Лазаров со оваа национална селекција допрва ќе дојдат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА