ФОТОГАЛЕРИЈА: Панчев уживаше – Вардар славеше!

Вардар стигна до посакуваниот триумф од 3-1 против Силекс, како загревање за мегданот во четврток против Зенит во Лигата на Европа… Навидум лесно, но мора да се истакне дека кратовци и тоа како се покажаа како добар противник, но не реализираа најмалку три одлични можности. Сосема поразлична ќе беше приказната и доколку при резултат од 3-1 не го утнаа пеналот во 75. минута.

Како и да е, спортскиот директор Дарко Панчев ужуваше на „Филип Втори“ додека „црвено-црните“ славеа на терен… Иако, дефинитивно празните трибини, со исклучок на најверните вардарови навивачи „Комитите“ кои секогаш се тука, не се некој момент за славје… Затоа впечатливи останаа минутите на свадбената фото-сесија на верниот вардаров навивачи кој денеска се одлучи да стапне на „лудиот камен“, но не го заборави и својот Вардар…

[new_royalslider id=”762″]

Се вчитува...