(ФОТОГАЛЕРИЈА) Решен и Ловќен – втор триумф за Работнички

Работнички фаќа ритам во АБА2 лигата. По победата над Подгорица избраниците на Димитар Мираковски сега славеја и над Ловќен во натпревар во кој „црвено-белите“ го диктираа темпото во поголемиот дел од натпреварот. Работнички ги искористи грешките на противникот, шутот од далечина проработе во вистински момент па момците од „Градски Парк“ рутински го запишаа и вториот триумф во низа.

Две победи и едно реми во почетните три кола се добар скор за стартот од АБА2-лигата, со надеж дека „центарци“ во следната рунда задутре ќе го совладаат и српскиот претставник Младост Земун.

 

Се вчитува...