Фотогалерија: Само триумф е во мислите, за победничко збогување на Лазаров и на Миркуловски

Македонските ракометари вечерва го одржаа последниот тренинг пред утрешниот реванш со Чешка, решавачки меч за пласман на СП 2023. Оние 24-24 во Злин, но пред се прикажаната игра и фактот дека доминиравме во голем дел од мечот, покажаа дека Македонија е поквалитетен противник, но тоа ќе мора да се потврди на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.

Нема дилеми дека скопскиот вулкан повторно ќе проработи и ќе им создаде огромни проблеми на гостите, а на нашите ракометари е да го искористат тоа и со триумф во својата арена да ја извадат визата за Шведска и Полска за јануари 2023.

Само триумф е во мислите, меѓу другото и поради фактот дека утрешниот меч ќе биде последен за Кире Лазаров и за Филип Миркуловски во националниот тим, а двајцата ракометни великани заслужуваат простувањето од националниот дрес да им биде – победничко.

Се вчитува...