ФОТОГАЛЕРИЈА: Сите за еден – еден за сите…, до Мундијал!

Македонската репрезентација вечерва во крајно позитивна атмосфера го одработи финалниот тренинг на стадионот „Кардиф сити“, во главниот град на Велс, пред утрешниот последен натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на Благоја Милевски истакнаа максимална подготвеност да дојдат до посакуваниот, најмалку бод, со кој ќе се осигура најмалку второто место во групата за поповолна позиција пред ждрепката за мундијалски бараж.

Таков и беше односот на секој поединец на вечерашниот тренинг во Кардиф, преку кој јасно е потенцирана определбата за позитивен исход…

 

Се вчитува...