ФОТОГАЛЕРИЈА: Струмица не е секогаш талична за Пелистер…

Струмица не е баш секогаш талична за Пелистер… Посебно, ако игра против Академија Пандев.

„Пелистерци“ го освоија Купот на Македонија минатата сезона во Струмица, но овој пат заминаа со пораз од Академија Пандев од 2-0 во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домашните фудбалери сосема заслужено стигнаа до триумфот искористувајќи две можности во второто полувреме, откако претходно им беше олеснета задачата по црвениот картон на Лукас Фереира. На тој начин Академија Пандев продолжува со максималниот ефект на „Младост“ сезонава, со три од исто толку средби, против Скопје, Ренова и сега Пелистер. И без ниту еден примен гол!

Дуелот во Струмица го следеше и селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски…

[new_royalslider id=”779″]

Се вчитува...