Фотогалерија: За младите – искуство, за Македонија – победа

Македонската ракометна репрезентација триумфираше на првиот од двата натпревари против Грузија. Резултатот можеше да биде поубедлив од 25-21 ако се погодеа зицерите, но и многу полош доколку во завршницата нашите ракометари не успеаја конечно да се одлепат и да ја запечатат победата.

Простор за напредок има многу, но и селекторот и поискусните ракометари потенцираа дека овие контроли со послаби противници се закажани за оние помладите да добијат шанса да се докажат во репрезентативниот дрес. Искуството сигурно е добредојдено, но мора да се знае – време до ЕП 2020 има се помалку, па за два -три месеци ќе треба експресно да се влезе во пеколен ритам, а тогаш оние кои сега созреваат, ќе мора да преземат дел од товарот што редовно паѓа врз оние најискусните.

Тогаш ќе може да се каже и конечната оценка за успешност на овој октомвриски експеримент.

Се вчитува...