Фотографија која покажува кој е „газда“ во Барселона (ФОТО)

Барселона сосема очекува дојде до победа од 0-4 на гостувањето против Мајорка по рестарот на Ла Лига со голем придонес на Лионел Меси кој запиша погодок и две асистенции. Но, за шпанските медиуми и јавност по мечот не е тема неговата партија туку влијанието кое го има во тимот.

Шпанските медиуми споделуваат фотографија на која е очигледно како Меси дели совети за соиграчите кои внимателно слушаат, вклучувајќи ги и тренерите Кике Сетиен и Едер Срабија.

„Фотографија која вреди повеќе од 1.000 зборови. Кога Меси зборува сите слушаат“ – пишува каталонски „Спорт“.

Оваа сезона Меси досега има вкупно постигнато 25 гола со 18 асистенции.

 

Се вчитува...