Фотографија која се кажува: Ван Перси провоцираше, Тошиќ исклучен

Вчерашната дерби пресметка во турското првенство меѓу Бешикташ и Фенербахче беше одбележана и од судирот меѓу српскиот репрезентативец Душко Тошиќ и Холанѓанецот Робин Ван Перси, во кој подебелиот крај го извлече Србинот, иако реално тоа и не го заслужи.

При крајот на првото полувреме се случи инцидент во кој се најдоа двајцата фудбалери. Ван Перси во трк го удри Тошиќ, кој откако заврши на тревата се подигна и насрна на Холанѓанецот. Искусниот напаѓач добро одглуми удар во глава, а Тошиќ доби црвен картон…

Tosic RVP crveni by goloviliga

На теренот настана вистински хаос, Тошиќ дополнително збесна потоа и откако Ван Перси крајно неспортски со вулгарен потег го испровоцира…

provokacija

На крајот Ван Перси со погодок го одлучи градското дерби и донесе за Фенербахче пшласман во четвртфиналето од Купот на Турција.

Се вчитува...