„Фотографија од Ѓоковиќ користам за да можам да влезам во ресторан“

Српскиот тенисер Душан Лајовиќ откри малку познати детали од неговиот живот, а многумина ги насмеа признавајќи дека го користел пријателството со неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ за да влезе во ресторани.

„Добив неколку бесплатни оброци во рестораните во Србија, секогаш се чувствувам добро кога ќе ме препознаат. Од голема помош е познанството со Новак, во Лос Анџелес користам фотографија на која сум заедно со Ноле за да ме пуштат и влезам во ресторан “, вели популарниот Дучи.

Инаку, Лајовиќ немаше најдобра сезона оваа година, но сепак е втор рекет на Србија во најдобрите 30.

Се вчитува...