Фрајбург ги реши „милионерите“, Волфсбург триумфално против Херта (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд доживеа пораз на гостувањето против Фрајбург од 2-1 во 2. коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ не успеаја да им парираат на домаќините кои победата ја најавија уште во 6. минута со погодокот на Грифо.

Во второто полувреме, Салаи во 53. минута веќе зголеми на 2-0, а Дортмунд успеа да го ублажи поразот со автоголот на Кеител во 59. минута.

Волфсбург дојде до триумф од 1-2 на гостувањето против Херта со што го запоседна врвот во Бундеслигата со две победи по стартните две кола.

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

Бохум – Мајнц 2-0

Ајнтрахт Ф. Аугсбург 0-0

Фрајбург – Борусија Д. 2-1

Херта – Волфсбург 1-2

Гројтер Фурт – Арминија Б. 1-1

Се вчитува...