Легендарниот капитен на Рома и италијански репрезентативец Франческо Тоти има нов предизвик во животот. По фудбалската и директорската улога во таборот на „волчицата“, следниот чекор во неговиот живот е скаутирање на млади фудбалски таленти. Тој веќе отвори две консултантски компании „CT10“ и „IT Scouting“ кои ќе бидат насочени кон пронаоѓањето на нови фудбалски таленти.
„Откако 19 години го носев дресот на Рома и две години имав менаџерска улога во клубот, подготвен сум за нов предизвик. Би сакал да скаутирам млади фудбалери. Нема да споменувам имиња, но има многу интересни млади фудбалери, меѓу нив секако и Италијанци. Секогаш сум го следел и овој дел, ме интересирала фудбалската иднина во државата и се надевам дека ќе се пронајдам комплетно во новата улога“, изјави Франческо Тоти.
Inizia una nuova avventura. Con orgoglio vi annuncio che ho fondato due società di consulenza e assistenza per club e calciatori che hanno sede a Roma: la CT10 e IT Scouting. #totti #neverstop pic.twitter.com/xsN6A0V5b0
— Francesco Totti (@Totti) February 10, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА